Либанската полиција уапсила тим на австралискиот ТВ канал 9, осомничен дека е инволвиран во киднапирањето на две деца од страна на нивната мајка, која е австралиска државјанка, пренесе AFP.
Уапсените се четворица Австралијци, меѓу кои е новинарката Тара Браун од истражувачката програма “60 Minutes”. Либанскиот министер за внатрешни работи потврди дека тие се осомничени за учество во киднапирањето на Ное и Лахе Ал Амин, синот и ќерката на Либанец и австралиската мајка Сали Фолкер. Децата имаат четири и шест години.
Полицијата соопшти дека децата се грабнати кога биле надвор со нивната баба во близина на либанскиот град Бејрут, и тоа е дел од домашниот бракоразводен спор од Бризбен до Бејрут. За време на оваа драма ТВ екипата го снимала целиот настан.
Министерката за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека министерството за надворешни работи за брзо ослободување на новинарката и снимателите и нивно враќање во Австралија.