Како знаете дали вашето тело толерира алкохол, глутен, млеко или шеќер? Со поглед на своето лице веднаш може да го дознаете „непријателот” на своето тело. Кожата е огледало на нашето здравје и ја отсликува нашата исхрана. Нездравата храна или нетолеранцијата на одредени производи се одговорни за појавата на одредени кожни проблеми, посебно на лицето.
Нигма Талиб, е позната невропатска докторка која ја претставила следната инфографика која открива четири типа на лице и нивните нуспојави, зависно од продуктите кои им штетат и не се соодветни за организмот. Таа класифицирала четири категории на нетолернација на одредени продукти во организмот и според тоа може да откриете дали имате :глутенско, шеќерно, винско или млечно лице.
Глутенско лице
Луѓето кои имаат нетолернација на производи со глутен обично имаат отечени црвени образи и уста , надуен изглед , пигментација на кожата и акни на брадата. Се претпоставува дека 15 отсто од луѓето се пречувствителни на глутен кој го карактеризира отеченост и воспалателни процеси во организмот.
Реакцијата на глутен е карактеристична за луѓето кои страдаат од целијакија или интолеранција на глутен. Оваа автоимуна болест води до тоа имунитетот сам себе да се напаѓа поради внесувањето на глутен. Таквата реакција создава пигментација на клетките на кожата ѓто води до дамки и пигментации на лицето. Ако имате неизедначен тен особено на брадата ослободете се од глутенот.
Млечно лице
Типични симптоми за млечно лице се натечени очи и целото подрачје околу очите, и изразени се темните кругови под очите. Честа појава се акните по целото лице, образите се бледи и има изразени акни и и митесери на брадата. Млечните производи серизно му штетат на тенот и кожат, па дури и да не ви пречи лактозата. Со стареењето ги губиме ензимите со чија помош телото ја процесира лактозата. Тоа води до воспаление на целото тело, вклучувајќи го и лицето кое може да изгледа уморно и црвено. Одречете се на неколку недели од млечни производи за да видите како навистина би изгледала вашата кожа.
Шеќернo лице
Линии и брчки на челото, вреќички под очите, масен сјај на лицето, цистични акни, испиен изглед, сив или блед тен. Ованакратко се карактеристиките за луѓето кои имаат шеќерно лице или нетолеранција на шеќер. Внесувањето на големо количество шеќери во организмот може да предизвикаат зголемување на тежината, да му наштетат на целокупното здравје па и на кожата. Ѓеќерот води до дликација, процес во кој вишкот на молекули со гликоза се врзуваат за колаенот, искривувајќи го и правејќи го крут. Ако сакате да имате сјајна кожа без дамки и акни избегнувајте го шеќерот и вештачките засладувачи. Наместо рафиниран консумирајте природен шеќер од сезонското овошје.
Винскo лице
За винско лице се карактеристични изразени брчки и линии помеѓу очите, масен сјај помеѓу очите, испукани капилари, проширени пори на образите и околу устата, дехидрирана кожа, црвенило околу носот и образите, и набори околу носот и устата.
Со оглед на тоа што виното и алкохолот во себе содржат многу шеќери и потенцијални пестициди и сулфити брчките и наборите се резултат на силната дехидратација. Телото ја губи водата, го оптоварува црниот дроб, и предизвикува процес кој води до збрчкана, неугледна и обесена кожа.