Лицемерие е да и се замерува на Македонија

Во бегалската криза Македонија ги плаќа грешките на Европската унија. Ако требаше да се потпреме на Брисел, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти. Дваесет и пет години сме лажени и манипулирани, вели претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за германскиот весник „Билд”.

Морализирање и лицемерие е да и се замерува на Македонија. Се уште немаме добиено ниту евро од Европската унија, а потрошивме 25 милиони евра. Нам само ни се ветува помош, вели претседателот Иванов во интервјуто.
Дали не прашал некој како сме преживеале 25 години?, вели шефот на македонската држава во разговорот со уредникот на „Билд”, новинарот, Кај Декман, кој новинарската слава ја достигна откривајќи ја афера за финансиски криминал на некогашниот германски претседател Кристијан Вулф, поради која Вулф беше сменет од функција. Дикман истовремено е член на извршниот одбор на турскиот весник “Хуриет”.
Г-не Претседателе со цел да се запре приливот на бегалци Турција доби шест милијарди евра, а визите ќе бидат укинати. Истовремено Македонија треба да ја заврши “валканата работа” на ЕУ на границата со Грцијa. Не се чувствувате ли изиграни?
– Не е прв пат Македонија да биде оставена на цедило од страна на ЕУ, тоа го знаеме многу добро. Кога за време на кризата во Косово примивме 360.000 бегалци никој не ни помогна. Затоа сега реагиравме проактивно – нашата армија ја штити нашата граница. Во бегалската криза, ние сега плаќаме грешка на ЕУ. Прогласивме кризна состојба и веќе се потрошени 25 милиони евра од парите на нашите даночните обврзници. И што добиваме од Европа? Ништо! Ни евро! Наместо тоа, ние сега како земја, која не е членка на ЕУ треба да се заштитиме од Грција, која е членка на ЕУ.
Вие не сте членка ниту на Шенген зоната, но ја штитите и границата на Шенген зоната…
– Да, ние сме тука во Европа, но не сме во ЕУ. Не сме ниту членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната. А сепак ја штитиме Европа од европска земја, која не ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочува бегалците. Така што безедносниот аспект е целосно изгубена во очите на бегалската криза. Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти.
Што сакате да кажете?
– Погледнете ги пасошите и документите, сите се фалсификувани или украдени – за 9.000 сме сигурни во тоа. Некои т.н. бегалци патуваат со лажни идентитети во Европа и Грција им дава само печат за продолжување на патувањето. Ние мора да претпоставиме дека многумина кои патувале со вакви документи, сакаат да влезат како радикални борци на бегалската рута.
БИЛД:Значи и ние Германците треба да сме и благодарни на Македонија што ја затвора границата на радикализмот?
Иванов: Во бегалската криза постојат хуманитарен аспект и безбедносен аспект. Од хуманитарен аспект Германија постапува многу добро. Но од безбедносен аспект вашата земја целосно потфрли. Само еден пример. Сакавме со Европа, но и со Германија да ги споделиме нашите информации за наводни џихадисти. Но никој не ги сакаше нашите податоци. Ни беше укажано:Ние не можеме да соработуваме со вас, вие сте во трета земја, и не можеме да ги разменуваме нашите податоци.
БИЛД:Дури ни Германија не сакаше да ви помогне?
Иванов: Не. Ни беше потребна опрема за земање биометриски податоци, но Германија не ги прифати нашите барања. Сепак, ние пронајдовме други земји кои ни помогнаа. Тоа е сосема апсурдно: Ние не сме загрижени, дури ни за пари, туку за безбедноста на целиот континент. Но, очигледно никој не е заинтересиран. Се запрашавме дури кога се случија нападите во Париз, и тоа отпосле. Тогаш, ние ги известивме властите дека десет лица влегле со ист идентитет, како и на атентаторите.
Турција се наоѓа во преговори со ЕУ на маса, Вие не сте…
– Ние, за жал не сме на масата, но сме на менито. Ние секогаш сме биле жртви на институциите на ЕУ. Дваесет и пет години сме лажени и манипулирани. Имаме веќе седум препораки за почеток на преговори со ЕУ, но и натаму сме попречувани од страна на Грција. Никој во ЕУ не може да се разбере со Грција, но ние мораме да го решиме спорот со нив.
Значи ли тоа дека германската политика на отворени граници ја активира бегалската криза?
– Канцеларката Ангела Меркел со нејзиниот хуманитарен гест покажа храброст. Но никој нема храброст сега да каже што понатаму. Само меѓу Судан и Египет чекаат 20 милиони мигранти, кои сакаат да дојдат во Европа. А што се случува со Африка? Бегалската криза нема да заврши, преку Твитер и Фејсбук сите точно што се случува. И што прави Европа? Ним им требаат шест месеци да организираат самит. А во меѓувреме дошле уште еден милион нови мигранти. И што прави Германија? Како може сега во вашата земја да исчезнале 130.000 бегалци, кои веќе претходно биле регистрирани? Тоа мора да се промени. И тоа радикално.
Што точно мислите?
– Гледаме дека Европа не функционира во кризна ситуација. На Брисел му е потребно многу време да донесе одлука. Затоа некои земји од балканската рута, мораа сами да дејствуваат. Кризниот менаџмент на ЕУ не функционира. Повеќе земји во иднина повторно ќе донесуваат одлуки за сопствениот суверенитет. Дури и канцеларката Меркел најави крај на вашата улога како спасител на Европа, и со своите одлуки и наметна на Европа единствен правец. Сега тие сакаат да го решат тоа со Турција. Останува да се види дали ќе биде така. Скептичен сум.
Но, она што се случува сега со илјадници луѓе кои чекаат на границата Идомени?
– Бегалците чекаат Меркел да ги однесе со авиони или возови.Тие сите сакаат да одат во Германија, а не сакаат да останат во Грција.
Ситуацијата на границата ќе ескалира. Дали вашите војници ќе се бранат само со солзавец, или можеби остро ќе одговорат, ако бегалците сакаат насилно да влезат во Македонија?
– Ние не сме ѕверови кои пукаат во бегалци од воени жаришта! Најпрво што треба, е да се погледне на грчката страна. Таму има полицајци на ЕУ, кои треба да ја стават ситуацијата под контрола. Но, тие очигледно не можат да го сторат тоа.
Што ќе се случи во Грција, ако вие уште повеќе ја затворите границата?
– Тоа мора да ги прашате Грците! Тие сега ќе добијат уште 700 милиони евра од ЕУ, тие добиваат се што сакаат. Проблемот е што тие не прават ништо со тоа! Зошто тогаш постојат прифатни центри?Јас разбрав дека на Европа и е сеедно. Но нема да дозволам ние да сме виновни за грешките на другите. ЕУ не треба повеќе да ја обвинува Македонија. Ние само соодветно реагираме.
Впечаток е точно дека Вие сте навистина лути на ЕУ?
– Што би направиле ако Вашата земја над 25 години на сите начини е попречувана, манипулирана и лажена? И покрај безброј позитивни извештаи се уште нема никаков напредок во однос на европската перспектива. Ние сме заглавени во лифт веќе 25 години.

Останати вести