Едно постаро истражување покажало дека жените го доживуваат врвот на својата убавоина во 32-та година од животот. Најновото истражување покажало дека само неколку години подоцна, физичката младешка убавина почнува незапирливо да исчезнува.
Поточно, според нивното сметање, изгледот се менува штом ќе наполните 35,09 години, и тогаш брчките, подочниците и опуштената кожа почнуваат се појасно да се гледаат, а непроспиените ноќи и претераното консумирање алкохол оставаат повеќе траги отколку порано.
Стареењето предизвикува во организмот промени кои се развиваат прогресивно и незабележливо. Сепак, првите знаци не се јавуваат веднаш откако процесот ќе почне да се развива. И стареењето и првите знаци кај луѓето се јавуваат во различен период. Лицата кои живеат со уреден живот, се хранат умерено, многу се движат, не пијат алкохолни пијалаци, не пушат и не се подложни многу на стрес, побавно стареат и подолго живеат. Кај нив стареењето, а и знаците на стареење, се појавуваат подоцна.
Сите органи не се зафатени со стареењето во исто време. Се вели дека човекот е онолку стар колку што му се стари крвните садови, а артеросклерозата е еден од првите знаци.
Првите видливи знаци на стареењето се забележуваат по намалената мобилност. На мускулите, коските и зглобовите се појавуваат извесни промени. Мускулите стануваат послаби и нивната мобилност е потешка, особено кај лицата кои и инаку малку се движат. Коските го губат калциумот, нивното ткиво се разредува, стануваат кршливи, односно лесно се кршат, а кршениците потешко зараснуваат. Зглобовите почнуваат да се деформираат, поради што виталниот од е отежнет. Во некои случаи коските се закоравуваат, особено на ‘рбетот кој станува вкочанет, искривен и свиткан напред. Поради атрофијата на поедини органи и намаленоста на нивниот обем, кај некои лица се намалува во извесна мерка и нивната висина.
Потоа на кожата – која повеќе не е мазна и блескава како порано, станува малку рапава, сува и на изложените места истенчена. На рацете и на горните страни на стапалата се гледаат посилно истакнати проширени вени. Околу очите и усната, на челото и вратот се појавуваат брчки, кои пред тоа ги немало или не биле толку изразени. На лицето се појавуваат малку по малку темни дамки, кои се веќе добро изразен знак на стареењето.