Лидерот на опозицијата објави дека повеќе не е предмет на истрага за силување

Минатиов петок лидерот на опозицијата Бил Шортен изјави дека полицијата повеќе нема да го испрашува за обвинувањето дека силувал девојка во 1986 година.

Освен тоа полицијата решила да не покрене обвинување. Наводната жртва тврдела дека во камп во Портарлигнтон, во близина на Џилонг, кога таа била 16 години, 19 годишниот Бил Шортен наводно ја силувал. Невообичаено и изненадувачки за многу коментатори беше излагањето пред медијата кое го оценија како храбар потег бидејќи ништо не беше објавено за оваа случка во главните медиуми. Со излегување во јавноста сега лидерот на опозицијата се осигурува дека нема да се користи обвинувањето против него како скандал кога ќе се свикаат наредните избори. Покрај него за време на обраќањето беше и неговата сопруга Клои, со која има ќерка, а таа има и два сина од претходниот брак. Шортен решил да излезе во јавноста кога едно од децата му кажало дека ако на интернет се напише неговото име се појавувало обвинувањето за силување, кое потенцира е невистинито.
Доколку на ова заврши и не се појави жената со своја верзија во јавноста ќе се смета за храбар потег со кој се оневозможува понатамошна манипулација и валкање на името на лидерот на опозицијата.

Останати вести