Лидерот си е лидер

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА ВИКТОРИЈА -9 КОЛО
КИЛО ПАРК – АЛТОНА МЕЏИК ВАРДАР 1:4 (1:1)
Вардарци заслужено се лидери на табелата, досега од сите тимови прикажаа најдобар квалитет и од можни 27 освоија дури 25 бода.

На почетокот домашните создадоа шанси, имаа и дирек, но и добри одбрани на голманот на Алтона Меџик Вардар Бечворд, кој доби шанса на голот бидејќи Лончариќ за црвениот картон минатата сабота доби казна од еден натпревар неиграње. Хејн кој и на оваа средба играше одлично, доби долга дијагонала од Баракат и со луциден удар го совлада Дамијанов за 0–1. Меѓутоа, радоста за водството не траеше долго, бидејќи домашните само две минути подоцна израмнија на 1:1. Погреши одбраната на “магичните”, го оставија сосема сам на десната страна Просиа кој стрелаше прецизно во десниот долен агол на немоќниот Бечворд.
Во вториот дел гледавме сосема друга игра на лидерот и веќе на стартот, во 46 минута, откако беше убаво проигран од Мек Шејн, повторно Хејн со прекрасен лоб удар го матира домашниот голман и 1: 2. Во 49 минута Мек Шејн го мина и голманот, но отиде премногу откосо и не успеа да ја погоди мрежата. Во овој дел добри прилики не искористи и Баракат, а Вицевиќ во 83 минута биеше во мрежата, но на самата гол линија спаси Давиес кој ја исфрли топката во корнер.
Последните два гола ги дадоа Вицевиќ во 84 минута, откако целата работа ја заврши Кларк, а конечниот резултат го постави Мек Шејн на четири минути пред крајот, за заслужена победа од 1:4.
Победата беше прославена заеднички со играчите, стручниот штаб и претседателот Игор Георгиевски кој уште еднаш напомена дека овој тим заслужува да игра во Премиер лигата.
Во сабота се игра локалното дерби, Алтона Ист- Алтона Меџик Вардар со почеток во 15 часот.

Останати вести