Лина Андоновска амбасадор на Мелбурнскиот Фестивал 2013

Австралискиот флаутист од македонско потекло Лина Андоновска, која има настапувано во Европа, Кина, Канада, Австралија и Нов Зеланд, е лицето на Мелбурн Фестивал 2013. Таа како изразит талент уште во 2009 година, под стипендија на Сиднејскиот СИмфонски Оркестар, има настапувано под диригентската палка на Владимир Ашкеназу. Во својот напорен уметнички живот таа исто така има настапувано два пати во Источен Тимор, и помагала на теренски проекти кои носат различни музички  Вештини на децата што живеат во оддалечени заедници.

 

Лина активно соработува со новите и етаблираните композитори, вклучувајЌи го и Антони Патерас  (син на Анџело Патерас, долгогодишен активист и еден од основачите на АМН), Лаклан Скипворт и Остин Бакет. Во 2013 година Лина соработува со City of Voices и Multicultural Arts Victoria.

Други фестивалски  амбасадори се Викторија Чуи (Кина) Нилуша Десенаике (Шри Ланка ), Ибрахим Берсанџи (Сомалија), Антонио Мореира (Бразил) , Фостер Нишимиримана (Бурунди) , Неда Рахмани (Иран) Ламине Сонко (Сенегал ) и Евелин Тадорос (Египет).

Фестивалот трае до  27 октомври. За деталите околу настапите можете да се информирате подробно на интернет страната www.melbournefestival.com.au

Останати вести