Најдобро е лимонот да се јаде сосе кората и тоа замрзнат

Лимонот е едно од најздравите овошја, но ако сакате од него да го извлечете максимумот, јадете го замрзнат. Најздравиот дел на лимонот е неговата кора, која речиси никогаш не ја користиме. Ако го замрзнете лимонот, кората ќе ја направите вкусна за јадење и ќе има свеж вкус на цитрус.

Kако најдобро да го замрзнете лимонот?

Исечете го лимонот на резанки, кои потоа ќе ги ставите во кесичка, па така целиот ставете го во замрзнувач. Kога ќе посакате да изедете резанка лимон, извадете еден дел од замрзнувачот и изедете го така замрзнат. На тој начин лимонот и кората ќе ве изненадат со освежителен вкус на цитрус. Со консумирање лимон со кора ги внесувате следниве минерали и витамини: витамин Ц, Б6, А и Е, фолна киселнина, калциум, бакар, железо, цинк, магнезиум, калиум, белковини, рибофлавин, ниацин, тиамин, фосфор.

Отстранување пестициди

Најдобро е да се замрзнува органски произведен лимон, но може и неоргански ако претходно е исчистен од пестициди. За отстранување на пестицидите, потребен ви е спреј кој се подготвува од само три состојки:

– еден филџан млака вода,
– две лажици сода бикарбона
– две лажици лимонов сок

Состојките ставете ги во шише со распрскувач, добро измешајте ги и испрскајте го лимонот или друго овошје и зеленчук. Исто така лимонот е незаменлив сојузник во борбата против грипот и вирозитем но и природен антибиотик кој многу лесно можете и сами да го припремите.

Природен антибиотик

За да направите природниот антибиотик од лимон, потребно е:
– една главица лук
– две лажици мед
– две лажици свежо изрендан ѓумбир
– половина лажица мелена чили пиперка
– половина лажица цимет
– 100 грама свежо исцеден сок од лимон

Начин на подготовка:

Прво истискајте го сокот од лимонот и помешајте го со здробената главица лук, ѓумбир, чили и цимет. Сите состојки добро се мешаат за на крај да додадете мед со цел да се добие густа смеса.
Смесата ставете ја во стаклен сад и добро затворете го. Така чувајте го на собна температура околу три часа. Потоа сирупот се чува во фрижидер. Една лажица сируп се зема еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак, за да се зајакне имунитетот.

Останати вести