Членката на параолимпискиот кошаркарски тим од Австралија Лисл Теш е ограбена за време на рекреација во Рио де Жанеиро во среде бел ден…
Ја сретнале двајца разбојници додека возела велосипед заедно со својот физиотерапевт, и со закана со пиштол им ги земале велосипедите.
„Мислам дека рече ‘динеро’… што значи пари, па ја подигнав маицата и му покажав дека немам пари кај себе. Потоа нешто ми кажа, го впери пиштолот во мене, ме удри по рамото и само ми го зеде велосипедот. Другиот му го направи истото на мојот физиотерапевт, иако не беше вооружен. Беше страшно”, објаснува Теш за настанот.
Австралијката на сите им препорачува да се чуваат во Рио де Жанеиро, затоа што сфатила дека е опасно место.
