На состанокот одржан во просториите на библиотеката Mill Park, се оформи новото литературно друштво “Кочо Рацин”, Мелбурн. Тоа беше заедничката желба на иницијаторите, писатели и поети кои долги години се активни во Македонската заедница во Викторија и издаваат свои дела.
Нивната мисија и цели ќе бидат спроведувани преку низа активности и ќе бидат насочени кон поттикнување на развојот на литературни дела пишувани на македонски јазик, создавање на литературен модел кој ќе овозможи делата да бидат промовирани пред поширока публика насекаде во светот како и поголема афирмација на македонскиот јазик во Австралија.
Управниот одбор го сочинуваат: претседател Гордана Димовска, потпретседател Нове Младеновски, секретар Виолета Јовановска, благајник Стеван Ацески и редовни членови – иницијатори, Крсте Наумовски – Мечкар, Љубица Поповска, Вера Горгиевска, Пеце Јовановски, Марија Коцева.
Сите заинтересирани љубители на македонскиот збор и литература можат да се зачленат и да придонесат во постигнувањето на мисијата на литературното друштво.
Контакт броеви: Гордана 0423 496 821, Виолета 0402 757 374, Нове 0488 001 946