Литванците уште ги боли поразот: Македонија е нивен најголем кошмар

Кошаркарската репрезентација на Македонија во 2011 година го направи најголемиот успех и заврши како четврта на Европското првенство (ЕП) кое се одигра во Литванија, а токму домаќинот беше наша „жртва” во четвртфиналето.

Литванија минатата седмица загуби од Данска (76:80) во квалификациите за ЕП 2022, а тоа беше причина да се потсетат на десетте најголеми кошаркарски кошмари. Токму поразот од Македонија е сместен на првото место, во текст на интернет-страницата „lrytas.lt”.
Во текстот стои дека Литванија влегла со големи амбиции на кошаркарскиот настан, инаку најголем евент по независноста и дека надежите за медал ги згаснаа Бо Мекејлеб и пријателите, кои правеа чуда на тој турнир.
Меѓу останатите кошмари, тука се поразот од Белорусија (1993, 80:88), дебаклот од Летонија на почетоците (1935, 10:123), уште еден пораз од Летонија (2001, 76:94), високиот неуспех со Шпанија на ЛОИ (2016, 59:109), највисокиот пораз во историјата на европските првенства од Русија (1997, 64:93), шокот во Монс против Белгија на стартот на годината (2020, 65:86), како и поразите од Шведска (2007, 62:69) и Словенија (2009, 58:81).

Останати вести