Над 16 милиони Австралијци до сега по пошта требаше да ги добијат гласачките ливчиња за референдумот за истополни бракови.
Австралиската канцеларија за статистика вели дека преку Интернет можат да се јават граѓаните кои се уште не го добиле својот лист или треба да го заменат. „Службено ги охрабруваме луѓето пополнетите листови да ги вратат на ABS до 27 октомври 2017 година” – рече Џонатан Палмер, заменикот директор на канцеларијата за статистика.