Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.
Октомври 2010. Ливерпул срамно изгуби од Блекпул на Енфилд 1:2 и западна во зоната на испаѓање. Тоа беше најлош старт во последните 50 години. Од Лига Купот Ливерпул испадна уште посрамно – изгуби од четвртолигашот Нортемптон (2:2, на пенали 2:4).
Ако мислите дека ова е кошмар, не е, тоа бил само почеток…
Мај 2020. На Ливерпул ни од далеку не му се заканува банкрот. Стана прв клуб во историјата на фудбалот кој стигнал до приходи од 100 милиони фунти за една сезона (после ги претрка Тотенхем со 113 милиони заработка). Ливерпул е шампион во Премиер лигата после цели 30 години и е актуелен европски шампион.
ПИСМОТО НА НАВИВАЧ КОЈ ГО СПАСИ КЛУБОТ ОД КРАХ
Велат дека на „Енфилд Роуд” неофицијално го сметаат 9 август за празник, ден кога клубот бил спасен.
На тој ден во 2010 година еден навивач на Ливерпул, Џо Јанушевски (од полско потекло), кој го водел одделот на корпоративни продажби во бејзбол клубот Бостон Ред Сокс и секогаш во својата канцеларија чувал шал од Ливерпул, му пишал мејл на сопственикот на Бостон Ред Сокс, Џон Хенри.
Збунет и уплашен за иднината на неговиот сакан клуб („Татко ми ги слушаше Битлси, како мал го гледав Ливерпул, мајка ми плачеше за време на Хилзборо”), Џо Јанушевски го замолил богатиот газда Хенри да обрне внимание на Ливерпул и да проба да купи акции во овој клуб додека има таква можност. Хенри во тој момент не сфаќал како е поставен европскиот фудбал (искрено признал дека не му е јасен трансфер-системот во кој многу зависи од желбата на играчот).
Но само едно „Ве молам, спасете го мојот клуб” не било доволно. Во мејлот Јанушевски морал да објасни дека Ливерпул е трофеен клуб кој не освоил титула уште од 1990-та и е пред банкрот.
„Предложив дека стои убава шанса, дека моите работи се спакувани и дека секогаш сум спремен да отидам во Ливерпул. Но не помислив дека сум способен да убедам некого да го купи Ливерпул. Тоа беше моја неостварена желба. Во писмото просто изразив болка”, раскажал Џо подоцна за англиските медиуми.
Џон Хенри се заинтересирал и ги викнал на состанок своите најблиски соработници за да го испитаат прашањето.
По 66 дена од мејлот на Јанушевски, милијардерот Џо Хенри ставил потпис под документот вреден 300 милиони фунти. Во октомври 2010 година немало време ни за прослава ни за честење. Од претходните сопственици Хикс и Џилет остана очајна екипа, непопуларен тренер Хоџсон, замрсена ситуација со стадионот (дали да се гради нов или да се реконструира легендарниот Енфилд).
ЏОН ХЕНРИ Е ЉУБИТЕЛ НА СТАТИСТИКА
Иако Џон Хенри, сопственикот на Ливерпул никогаш не бил вљубеник во фудбалот, тој е човек што направи ренесанса во клубот.
Неговата компанија New England Sports Ventures во 2002 година станала Fenway Sports Group, го купила бејзбол клубот Бостон Ред Сокс којшто до тој момент 84 години не видел титула. Две години по зделката, Ред Сокс ја освоија Светската серија (финална серија на MLB), а во последните 15 години 3 пати ја освоија титулата.
– За мене беше очигледно дека Ливерпул и Ред Сокс имаат многу заеднички нешта во почетната етапа. Дури и на план на аудиториум: многу навивачи, богата традиција, рекол еднаш Хенри.
Во првите две години по смената на сопствениците, Ливерпул на трансфери потроши повеќе од 100 милиони фунти. После сезоната во која „црвените” постигнаа 59 гола во 38 кола, завршуваа и осми на табела па во пролетта 2012 година управата го отпушти спортскиот директор Дамјан Комоли.
Време беше за еден поинаков пристап.
Богатиот сопственик на Ливерпул обожава статистика. Во студентските денови тој често пропуштал предавања поради тоа што свирел во рок-група, но по смртта на татко му на него паднала цела одговорност за семејната форма во Арканзас.
Хенри морал да се уозбили. Него само од себе фармата не го привлекла, но затоа влегол во финансискиот сектор. Џон успешно работел на продажбата на пченка и соја и скоро разработил систем кој бил успешен.
На „Енфилд Роуд” во еден момент за директор е поставен Јан Грехем (од 2008 до 2012 работел во Тотенхем). Грехем завршил факултет за теоретска физика на Кембриџ но брзо сфатил дека не сака научна кариера и се прешалтал во фудбалот. За неколку години создал база од 100.000 играчи од цел свет. Тој прво им ги претставува тие играчи на стручниот штаб и трансфер комитетот на Ливерпул. Ги предлага оние играчи кои смета дека ќе бидат потенцијално корисни.
На пример уште во 2016-та година настојувал да се купи играчот од среден ред Наби Кеита кој играше во РБ Салцбург. Кеита дојде дури во летото 2019 и сега слави титула со Ливерпул.
Грахам инсистирал на Мохамед Салах иако трансфер комитетот имал негативен впечаток за периодот на Египќанецот во Челси и сметале дека не му лежи англиски фудбал
Токму Грехем го советувал Ливерпул да го купи Филипе Кутињо, кога на тимот му требал јак крилен напаѓач. Клубот на него потроши скромни 13 милиони а го продаде во Барселона за 145 милиони. Без тие пари, како што отворено призна Џон Хенри, на „Енфилд Роуд” немаше да бидаст ни Вирџил Ван Дајк ни Алисон.
Интересно, да не била статистиката на Грехем, во Ливерпул немал да дојде ни Клоп. За тоа зборуваше дури и самиот Германец.
ПРЕРОДБА
Ливерпул минатата година, благодарение на финалето во Лига на шампиони стана светски лидер по приходи од ТВ права. Во последните 7 години комерцијалните приходи им стигнале до 77 милиони фунти: спонзорите секоја година даваат се повеќе пари. На пример главниот спонзор Standard Chartered наместо 30 милиони фунти годишно, ќе дава 40 милиони, а New Balance 75 наместо досегашните 45 милиони.
Капацитетот на „Енфилд Роуд” во меѓувреме е зголемен на 8.500 места а во една сезона приливот на пари од „мечдеј” (карти, пултови со храна и пијалаци, фан шоп) стигнал до 81 милион фунти (во 2011-та бил 41 милион).
Да поверувал некој во ова во октомври 2010-та година би го направиле луд.