Моментно еден од најдобрите етно-состави во Македонија – „Љубојна” замина на турнеја низ Австралија.
Заедно со членовите на „Љубојна” замина и Џамбо Агушев, кој последните неколку години гостува скоро на сите настапи на составот. Организатор на концертите е Македонскот културно уметничко друштво „Јане Сандански” од Мелбурн. Засега се планирани четири концерта. Првите два концерти „Љубојна” ќе ги одржи во Мелбурн и тоа на девети фебруари во театарот во Саут Моранг, додека другиот е ден потоа на 10 во Хрватскиот центар во Саншајн. На 16 и 17 фебруари се концертите во Сиднеј и тоа на 16 во Хрватскиот клуб, а на 17 во Рокдајл.
– Среќни сме што конечно ќе се дружиме со нашинците во Австралија. Ова е наше прво гостување и се надевам дека ќе стане традиција. Одиме со Џамбо Агушев. Искрено се радувам што по долго планирање конечно ќе имаме можност да се претставиме пред автралиската публика. Имаме фанови со кои со години се допишуваме и и кои со душа не чекаат. Верувам дека концертите ќе бидат една емотивна и весела средба во манир на „Љубојна”, со енергична музика која струи меѓу нас и публиката. Ветуваме добра журка, онаква каква што „Љубојна” знае да ја направи”, вели Вера Милошевска Јосифовска, вокалот на „Љубојна”.

