Љубовен скандал ја тресе Австралиската влада

Вицепремиерот на Австралија, Барнаби Џојс се најде среде љубовен скандал.
Медиумите објавија дека Џојс е во љубовна врска со својата поранешна советничка Вики Кампион.

Јавноста бара Австралискиот парламент да забрани сексуални односи меѓу политичарите и нивните вработени, откако врската на вицепремиерот и неговата вработена станаа дел од национална дебата.
Лидерот на Националната партија Барнаби Џојс се развел од сопругата кога во јавноста се прочу дека ќе има дете со неговата поранешна советничка.
Веста за трудната советничка излезе во жолтиот печат во Австралија, каде на насловните страници беше објавена фотографија од вљубената двојка.
Сопругата на вицепремиерот, Натали Џојс, која е во брак со него 24 години и имаат четири возрасни ќерки, остро реагираше на написите.
Џојс на светската јавност и е познат кога во 2015 изјави дека треба да се убијат милениците на Џони Деп и неговата девојка Амбер Херд, откако славната двојка ги прошверцувале кучињата во Австралија.
Девојката на Џони Деп дури и се појави пред суд, каде се соочи со обвинение но се се заврши со големо извинување.

Останати вести