Меј: Лондон би можел да остане глобален финансиски центар и по Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј посочи дека Лондон би можел да продолжи да биде глобален финансиски центар, дури и откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа посочи дека Лондон би можел да продолжи да биде глобален финансиски центар, дури и откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.
– Мислам дека градот Лондон ќе продолжи да биде голем глобален финансиски центар. Тоа не е само предност за Обединетото Кралство, туку и за Европа и за глобалниот финансиски систем, нагласи Меј.
Велика Британија официјалниo треба да ја напушти Унијата во март 2019 година.

Останати вести