Лоренс Вилкерсон: ЦИА учествувала во обидот за пуч во Турција

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, несомнено одиграл улога во неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули, смета Лоренс Вилкерсон, поранешен шеф на канцеларијата на поранешниот државен секретар на САД, Kолин Пауел.

– Нема сомнеж дека Џон Бренан и другите знаеле што се случило во Турција и совршено е јасно дека имаме нешто со тоа. Или преку внатрешни канали сме ги советувале на воздржаност што се случува одвреме-навреме или, напротив, силно сме придонеле за тоа или нешто измеѓу – истакна Вилкерсон за руски „Спутник”.
Тој додава и дека САД одамна институционализирале воените удари како стандарден политички и воен механизам за промена на проблематичните влади на оние земји што се однесуваат непријателски кон американските интереси.
– Немојте да мислите дека тоа не се случува зашто кога еднаш ќе ги институционализирате тајните операции, кога ќе станете нов Рим како ние, неизбежно сте вовлечени во овие операции – додава Вилкерсон.
За време на претседателствувањето на Роналд Реган, под раководството на ЦИА и директорот Бил Kејси, според Вилкерсон, биле извршени 58 тајни операции.
– Затоа замислете се на момент. За тоа што сега се случува, вашите деца, вашите внуци ќе читаат за 25 години како што сега читаат за соборувањето на премиерот на Иран, Мохамед Мосадик, во 1953 година. Во ниеден момент не помислувајте дека тоа не се случува во моментов и во Kаракас и Kиев или во Анкара, Дамаск и во Багдад – истакна тој. Во вторникот заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, ги отфрли медиумските наводи дека САД се вмешани во минатонеделниот обид за воен удар во Турција, кој резултира со 300 загинати и повеќе од 1.400 ранети.

Останати вести