Рецепт: Ослободете се од лошиот здив за 2 минути!

Лошиот здив некогаш умее да не доведе во многу непријатна ситуација. За среќа, постои бесплатен и брз начин да се решите од тој проблем за многу кратко време.

Ви го претставуваме овој рецепт кој делува инстантно!
Потребни состојки:
• ½ мала лажичка цимет во прав
• ½ голема лажица мед
• 2 лимони
• 200 мл топла вода
Подготовка:
Во еден сад ставете ги циметот и медот и прелијте ги со 200 мл топла вода. Мешајте додека медот не се растопи и потоа додадете го сокот од лимон. Измешајте ја целата смеса уште еднаш, префрлете ја во телга со капак и ставете ја во фрижидер. Со течноста темелно исплакнете ја усната шуплина и не ја плукајте бидејќи истата е многу хранлива. Постапката повторете ја кога и да сметате дека ви е потребно.
Примена:
Циметот и лимонот ја дезинфицираат усната шуплина и ги убиваат бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба, а медот и’ дава на течноста пријатен вкус.
Покрај тоа што ќе ви го реши проблемот со непријатниот здив, оваа комбинација е одличен борец против вирусите и настинките бидејќи го зајакнува имунитетот и делува како антиоксиданс.

Останати вести