Големиот пријател Лук Симпкинс избра сопатничка во Македонија

Федералниот пратеник Лук Симпкинс, познат како голем пријател на Македонците во Австралија, беше на одмор во Македонија каде се вери со Лара Свифт.

Неговата вереница Лара сега ќе има исто така добар спомен од посетата на Охрид и Македонија. Овој бранител на нашата вистина во австралискиот парламент во Канбера, постојано го покренува барањето Македонија да биде признаена од Австралија под нејзиното уставно име.
Пратеникот Лук Симпкинс од Западна Австралија веќе повеќепати има истапено јавно искажувајќи ги желбите и надежта на македонската заедница.
На овој неуморен борец за правдината му пожелуваме среќен живот со неговата избраничка. Тоа бездруго и го заслужува.

Останати вести