Лукас Браун е официјален предизвикувач за титулата на Чагаев

Лукас Браун (Австралија) официјално е номиниран за главен предизвикувач за титулата на Светската боксерска асоцијација во тешка категорија, која е во сопственост на Руслан Чагаев (Узбекистан).

Узбекистанцот мораше да го брани појасот во реванш мечот против Фрес Оквендо (Порторико), кој се повреди. Лукас Браун се уште нема пораз во својата кариера. Тој има 23 победи (20 со нокаут).

Останати вести