Лукашенко ѝ се закани на Русија: Би можеле да го изгубите единствениот вистински сојузник на Запад

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја предупреди Русија дека би можела да го изгуби својот сојузник доколку не понуди компензација за зголемените цени на нафтата.

Москва и Минск се во енергетски спор коj ги расипа блиските односи на двата соседи и сојузници.
Лукашенко наведе дека руското одбивање на компензација би можело да доведе до „губење на единствениот сојузник на Запад”, пренесе Еј-би-си њуз.
Белорускиот лидер, кој со својата земја владее речиси 25 години, се потпираше на заеми и евтина енергија од Русија.
Белорусија извезуваше евтини производи благодарение на евтината руска нафта, а Минск поради одлуката на Москва да ја зголеми цената на суровата нафта би можел да изгуби милијарди долари приход.
Лукашенко на службениците им нареди да најдат алтернативни извори на приход.

Останати вести