Градот Скопје пред една недела го склучи договорот за изградба на новиот Луна парк во Скопје. Проектот со површина од околу 40.000 метри квадратни ќе го гради фирмата „Жикол” од Струмица во наредните 22 месеци, објави порталот “Билд”.
На тендерот биле доставени седум понуди, но струмичката компанија имала најповолна понуда за изведба на градежниот дел од Луна паркот. Местото за рекреација на најмладите скопјани ќе го чини буџетот на Град Скопје околу $ 2.5 милиона.
Дополнителни финансиски средства ќе бидат издвоени за купување на два адреналински, шест семејни и 18 детски реквизити.