Ставете ја лушпата од банана во голем сад полн со вода, измешајте ја смесата, а потоа едноставно налејте ја оваа смеса во саксиите со цвеќе. Лушпата од банана брзо се разградува и во земјата испушта голема количина на хранливи материи.
Ублажете ја алергијата и чешањето – Нанесете лушпа од банана на местото каде сте се исфрлале за да го ублажите чешањето и да го поттикнете процесот на лекување.
Нахранете ги животните – Слободно можете да додадете мелени суви лушпи од банана во храната за домашни животни како што се кокошки и зајаци.
Омекнете го месото при печење – Додадете лушпа од банана во сад за печење, со цел да спречите парчињата месо без коски и кожа да се исушат во текот на печењето.