Никогаш не фрлајте ја лушпата на кромидот!

Со солзни очи, повеќето домаќинки ги фрлаат лушпата и надворешните слоеви на кромидот, но нутриционистите предупредуваат дека на тој начинсе фрлаат важни хранливи материи.

Доколку ја додадете лушпата од кромидот во кој било редовен оброк, вклучувајќи ја супата или чорбата, ќе го зајакнете својот оброк со моќни антиоксиданти и други хранливи материи кои можат да го подобрат вашето здравје.
Научниците ги тестирале супстанциите од секој дел на кромидот, вклучувајќи ги лушпата, надворешните слоеви, коренот и стеблото. Тие биле заинтересирани за можните начини на користење на секој дел, вклучувајќи го и оној кој се смета за отпадок. Научниците заклучиле дека кафеаваата лушпа на кромидот и неговите два надворешни слоеви содржат многу влакна (на прво место, нетопиви влакна и флавоноиди).
Консумирањето влакна го намалува ризикот од болести на крвните садови, тегоби во желудникот и дигестивниот тракт, рак на дебелото црево, дијебетес тип 2 и дебелина. Фенолите коишто се содржат во лушпата помагаат во спречување на болестите на срцето.
Меѓу другото, нутриционистите препорачуваат да се користат сите делови на кромидот, бидејќи се извор на фруктан и сулфурни споеви. Фруктаните се пребиотици, што значи дека го штитат здравјето селективно стимулирајќи го растот на добрите бактерии во цревата.
Сулфурните споеви го намалуваат наталожувањето на тромбоците, така што на тој начин го подобруваат крвотокот и кардиоваскуларното здравје. Истовремено, имаат позитивно влијание на противвоспалителниот состав.

Останати вести