Совладајте ја мачнината за време на патувањето

Кинетозата – болест за време на патување, создава непријатни мачнини и на многумина им го расипува патувањето.

За среќа, не се работи за долготрајна болест, ниту пак остава трајни последици. Се јавува при голем број на надразнувања во кој организмот е изложен за време на возење со автомобил, автобус, воз, авион..
Постојат разни симптоми како што се вртоглавица, слабост, ладна пот, бледило, главоболка, мачнина и повраќање. Се работи за честа болест, од која многумина патат. Со цел да не ви се расипе следното патување, потрудете се да практикувате некои од овие совети:
• Гледајте далеку пред себе, во некоја најоддалечена точка во хоризонтот. Возрасните треба да се возат на предните седишта.
• Немојте да читате или да играте видео игри за време на возењето. Исто така не треба да гледате ни филмови.
• Неопходно е возењето да биде што покомотно, без нагли кочења. Правете паузи, кои се идеални на секои два до три часа од околу 15 минути.
• Не тргнувајте на пат со празен стомак, консумирајте суви бисквити или банана.
• Избегнувајте масна храна и газирани сокови пред патувањето.
• Немојте да пушите во автомобилот. Внатрешноста на автомобилот треба да биде проветрена, а избегнувајте и освежувачи на воздухот со јаки мириси.
• Во возилото мора да има свеж воздух. На детето ќе му биде многу подобро ако прозорецот е отворен, а треба да избегнувате и мирис на храна. Квалитетната клима исто така помага, но ни ладењето не треба да биде прејако.
• Немојте претерано да се налевате со вода. Ова е важно и за децата. Нека пијат една чаша вода, но по малку.
• Во аптека може да најдете лекови кои помагаат да се ублажи проблемот со мачнината.
• Некои природни лекови исто така може да помогнат. Еден од нив е чај од ѓумбир, кој треба да го испиете два часа пред патувањето. Постојат и други чајни мешавини кои може да го смират желудникот.

Останати вести