Мади Крстевски по втор пат си ја пробува среќата да стигне до финалето откако после успешната аудиција се придружи на тимот на Бој Џорџ на музичкиот натпревар ‘The Voice’ Австралија.
Мади Крстевски од Мелбурн, инаку е македонка по татко и малтезка по мајка и пред две години заврши меѓу првите 24 кога беше во тимот на Кели Роланд на претходното натпреварување.
Сега поискусна и повозразна 19-годишната Мади Крстевски сака да има одскочна летва во музичката индустрија на Австралија, преку пласман во финалето на музичката програма „The Voice” на Channel Nine. За неа знаеме од порано дека сама си пишува песми и веќе има објавено еден песма, учи музичко на Универзитетот на RMIT. Таа танцува, компонира и вели дека средбите со Boy George и Kelly Rowland и даваат увид за тоа како да комуницира и соработува со ѕвездите!
Убавата Мади Крстевски минатава седмица пред судиите се претстави со песната „Smells Like Teen Spirit” од Нирвана и ја воодушеви публиката, како и жири-комисијата со својот настап.
И посакуваме успех и висок пласман на убавата Македонка. Уживајте во нејзината изведба, а натпреварот се прикажува на канал 9 секој понеделник и вторник од 19:30 часот и во недела во 19 часот.
Судии се Гај Себастијан, Делта Годрам, Кели Роланд и Бој Џорџ.
