Во текот на концертот во Бризбејн, Мадона една своја обожавателка повикала на сцена, а потоа ѝ ја повлекла маица надолу, откривајќи ги нејзините голи гради.
– Таа е тип на девојка која само сакате да ја удрите по задникот и потегнете… рекла Мадона пред да ѝ ја соблече маицата на обожавателката. Девојката била шокирана, токму како и публиката. Пејачката исто така останала затекната.
– Упс, извинете, ова е сексуално вознемирување – рекла Мадона смеејќи се, па ја запрашала дали можеби ќе ѝ се одмазди, покажувајќи на своите препони. Девојката која се нашла на сцената е манекенката Џозефин Џорџио (17) која за „Куриер мејл” рекла дека воопшто не ѝ било непријатно.
– Не ми беше непријатно, зошто луѓето тоа го мислат? Не се срамам од своето тело, ниту од брадавиците, ниту од градите – рекла Џозефин која во последен миг ја заменила својата „обична” карта за онаа од 500 долари со која можела да влезе во просторот веднаш до сцената.
Обожавателката на Мадона вели дека имала таков израз на лицето, бидејќи стоеле покрај својот идол.

