Елена Јовческа и Маестрал пристигнуваат во Австралија

Еден од најбараните оркестри во Македонија, кој се почесто оди на турнеи преку океанот, Оркестар Маестрал од Битола, заедно со прилепчанката Елена Јовческа во организација на ММД “Никола Карев” ќе приредат сензационална турнеја низ Австралија. 

Во организација на АММД “Никола Карев”, македонската фолк пејачка која е позната и по нејзиното свирење на зурла и гајда, Елена Јовческа, заедно со оркестарот „Маестрал” од 4 март, во Сиднеј започнуваат со турнејата низ Австралија. Турнејата ќе трае до 16 април и ќе има 9 концерти.
“Закажани се концерти во Синдеј, Квинбијан, Њукасел, Волонгонг, Мелбурн, Џилонг и Перт. Ова ќе биде, можам да кажам, голема турнеа, подолга од вообичаените мои турнеи кои траат околу три недели. Оваа турнеја ќе се одвива во месеците март и април. Како и да е, Австралијо чувај се, доаѓаме” – порача Елена Јовческа во едно свое интервју.
Нашите естрадни фолк уметници очигледно неуморно работат и тоа со полна пареа, што очигледно вродува со плод и дава ефект. И додека забавната поп-рок естрада едвај егзистира на домашно тло, неможејќи да го мине ниту Табановце, народњаците цврсто газат освојувајќи ги сите континенти каде што живеат Македонците, за што зборуваат и се почестите турнеи во прекуокеанските земји.

Останати вести