Во Мелбурн Мајка си ги уби трите деца

Страшна трагедија се случи во Мелбурн, каде што мајка со хрватски корени, ги уби своите три деца а потоа и сама си пресудила.

Телата на Кети Периновиќ, нејзините две ќерки Клер (7) и Ана (5) и синот Метју (3) биле откриени во четвртокот попладне во нивниот дом во северното предградие Таламарин. Убиствата ја шокираше оваа инаку мирна и тивка заедница. Сопругот на Кејт, Томислав (48) повикал брза помош, а полицијата го испрашала пред да биде ослободен без обвинение.
„Истражителите не веруваат дека 48-годишникот бил инволвиран во инцидентот, а полицијата не бара никој повеќе во врска со овој случај”, соопшти полицијата.
„Истражителите за убиства формираа прелиминарно мислење дека 42-годишната жена е одговорна за сите четири смртни случаи, а по завршувањето на нивната истрага, извештајот ќе биде доставен на разгледување до судот.
Соседите велат дека пред да ги убие своите три деца и да си го одземе животот, Кети нагло ја напуштила работата и била особено повлечена неколку месеци пред убиствата.
Семејната пријателка Мери Гроувс изјави за „Хералд Сан” дека се случила страшна трагедија: „Не можам да верувам – тие деца…”
На неодамнешната роденденска забава за ќерката на г-ѓа Гроувс, Периновиќ била „невообичаено повлечена и тивка”.
„На 29. ноември, практично ја натерав да дојде со децата за да го прославиме роденденот на ќерка ми”, изјавила Гроувс за медиумите.
„Таа беше само кратко време… Нејзините две постари девојчиња беа многу слични на моите помлади ќерки, тие разговараа и се смееја – типични седумгодишни деца, тие беа убави деца. Се чинеше малку поповлечена тој ден – тоа не беше вообичаено за неа– беше многу тивка … Сега кога размислував за тоа, можеби тоа беше знак?”
Г-ѓа Гроувс изјави дека не го познава добро сопругот на Кејт, Томислав, бидејќи тој „работел цело време”.
Гроувс, која била блиска со покојната Кејти и чии деца беа пријатели со семејството Периновиќ, рекла дека последен пат ја видела Кејти пред Божиќ, кога исто така изгледала „нешто потивка од вообичаено”.
Сепак, додаде таа, ништо не и се чинело особено необично.
Соседите Даниел и Вики Шкембри изјавија дека последен пат ја виделе Кети Периновиќ во средата – помалку од 24 часа пред таа и нејзините три деца да бидат пронајдени мртви – кога им донела вреќа со сливи пред нивната врата. Таа тропна околу 5 и 30 попладне донесе храна и се заблагодарив и таа ми рече догледање, рекол Даниел.
Шембрис изјави дека Томислав Периновиќ се преселил во соседството пред околу 25 години пред да ја запознае својата идна сопруга.
„Штом се венчаа, таа забремени”, рече Шембри, додавајќи дека семејството Периновиќ изгледало „среќно”.
Соседите напоменаа дека постојано ги гледале весели децата како си играат и возат велосипеди на улицата. Најстарата, Клер, одела на часови по танцување, а најмладата за малку ќе започнала со училиште.
Во последно време мајката била повеќе повлечена од вообичаеното. Соседите велат дека Кети, пред да ги убие своите три деца и да си го одземе животот, изненадно дала отказ од својата работа и била многу повлечена во период неколку месеци пред трагедијата.
Кети работела во клиниката за физиотерапија Гленрој се до пред околу три месеци, а причината за нејзиниот отказ од работа наводно била депресија.

Останати вести