– Статистиката ме тера да заклучам дека, спротивно на мрачните прогнози што се „продаваат”, ширењето на вирусот ќе престане. Ќе заврши кога сите оние што се болни ќе се сретнат само со луѓето што веќе ги заразиле, вели Мајкл Левит, добитник на Нобеловата награда во 2013 за хемија.
Кога Левит започнал да ги анализира податоците (на 1 февруари), кинеската провинција Хубеи имаше 1.800 нови случаи секој ден, а за шест дена тој број достигна 4.700. Првично бројот на заразени од секој пациент во просек изнесуваше 2.2 лица на ден – што може да бележи експоненцијален раст што може да доведе само до катастрофа.
– Стапката на вирусна инфекција во провинцијата Хубеи се зголемуваше за 30 проценти секој ден – тоа е застрашувачка статистика. Јас не сум специјалист за грип, но можам да ги анализирам броевите и тоа е експоненцијален раст. Со оваа брзина, целиот свет требаше да биде заразен во рок од 90 дена, вели тој.
Но, тогаш трендот се смени.
– И тогаш, на 7 февруари, бројот на нови инфекции почна да се намалува линеарно и не запре. Една недела подоцна истото се случи и со бројот на починатите. Оваа драматична промена во кривата ја обележа средната точка и даде подобро предвидување за времето кога ќе заврши пандемијата. Врз основа на ова, заклучив дека ситуацијата во Кина ќе се подобри во рок од две недели. Навистина, сега има многу малку нови случаи на инфекција, вели Мајкл Левит.
Постојат неколку причини за ова.
– Во експоненцијални модели на раст, претпоставувате дека новите луѓе можат да се заразуваат секој ден затоа што постојано запознавате нови луѓе. Но, ако се земе предвид вашиот социјален круг, вие во основа секојдневно се сретнувате со истите луѓе. На пример, можете да запознаете нови луѓе во јавниот превоз; но дури и во автобус, по некое време, повеќето патници ќе бидат заразени или имуни.
Друга причина зошто забавува стапката на инфекција е поврзана со упатствата за физичко растојание.
– Не гушкајте го секој човек што го сретнувате на улица. Колку повеќе се придржувате кон тоа, толку повеќе можете да ја одржите инфекцијата под контрола. Значи, во вакви околности, преносителот ќе зарази само 1.5 лица на секои три дена и стапката ќе продолжи да опаѓа.
– Кога зборуваме за болести, луѓето се многу исплашени затоа што секој ден слушаат за нови случаи. Но, фактот дека стапката на инфекција забавува значи дека крајот на пандемијата е близу.
Според Левит, карантинот прави разлика, но има и други фактори.
– Знаеме дека Кина беше под карантин, луѓето само излегуваа од дома да купуваат нешто и избегнуваа контакт со другите. Во Вухан, кој имаше најголем број на инфекции во покраината Хубеи, сите имаа шанса да се заразат, но само 3 проценти се заразија, објасни тој.
– Дури и на “Дијамантска принцезата” (првиот брод погоден од коронавирусот), стапката на инфекција не беше повисока од 20 проценти. Врз основа на тие статистики, рече Левит, тој заклучил дека многу луѓе се природно имуни на вирусот. Експлозијата на случаи во Италија е загрижувачка, но проценува дека тоа е резултат на поголем процент на постари лица отколку во Кина, Франција или Шпанија.
– Кина направи одлична работа и успеа да добие целосна контрола врз вирусот, рече Левит.
Тој не сака да прави глобални прогнози. Во Кина, рече тој, бројот на нови инфекции наскоро ќе достигне нула, а Јужна Кореја ја помина средната точка и веќе може да има крај на тоа. Што се однесува до остатокот од светот, сепак е тешко да се каже, рече тој.