Мајски оперски вечери по 44. пат

Операта „Евгениј Онегин“ во режија на Дејан Пројковски на сцената на МОБ се поставува по пауза од 34 години. Диригент е Саша Николовски-Ѓумар, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Олга Панго. Во улогите на Евгениј и Татјана настапија баритонот Иван Наумовски и гостинката од Украина, Тамара Клинкина, во улогата на Ленски настапи Домагој Доротиќ од Хрватско народно казалиште во Осиек, а како Олга настапи Николина Јаневска

Годинешните „Мајски оперски вечери” вклучуваат 15 настани – 10 за возрасна публика, а пет во придружната програма „Мали мајски оперски вечери”.

Публиката, покрај „Евгениј Онегин”, ќе има можност да ги чуе и оперите „Риголето”, „Хофманови приказни”, „Турандот” и Вердиевата „Аида” со која традиционално на 31 мај се затвораат „Мајските оперски вечери” …
Во Македонската опера и балет свечено бече отворено 44. издание на “Мајските оперски вечери”, кои годинава започнаа со премиерата на операта „Евгениј Онегин” од Петар Илич Чајковски.
– Годинава имаме навистина одлична и богата програма која вбројува плејада на одлични изведби на гостите од Италија, Мексико, Косово, Бугарија, Полска, Австрија, Уругвај, Чешка, Украина, Казахстан, Јапонија, кои со своите ансамбли на сцената во МОБ ќе изведат дел од најпознатите оперски дела – посочи при свеченото отворање на фестивалот Елизабета Канчевска-Милеска, министерката за култура.
Годинешните „Мајски оперски вечери” вклучуваат 15 настани – 10 за возрасна публика, а пет во придружната програма „Мали мајски оперски вечери”. Публиката, покрај „Евгениј Онегин”, ќе има можност да ги чуе и оперите „Риголето”, „Хофманови приказни”, „Турандот” и Вердиевата „Аида” со која традиционално на 31 мај се затвораат „Мајските оперски вечери”.
На програмата се и две балетски претстави: „Лебедово езеро” и современиот балет „Заспаните убавици”. Освен оперските и балетските претстави, на програмата се и два концерта – на хорот од Белград „Вива вокс” и гала-концерт под диригентство на Мориц Гнан од Германија, со солисти од Хрватска, Русија и САД.
„Малите мајски оперски вечери”, наменети за најмладите, ќе се одржат од 15 до 29 мај, со пет претстави: премиера на операта за деца „Црвенкапа”, детските балети „Доктор Офболи” и „Петар Пан” и концертите на детскиот хор „Отрада” од Русија и на детскиот хор на МОБ „Фалсето”.

За отворени годинешниве Мајските оперски вечери ги прогласи директорот на МОБ, Игор Дуловски, а првенката на МОБ, познатата оперска певица Весна Гиновска-Илкова го запали огнот со што го означи нивниот почеток

Останати вести