„Мајсторот и Маргарита“ во МНТ – претстава на годината

Иако дојде на самиот крај од годинава, претставата “Мајсторот и Маргарита” во Македонскиот народен театар – Скопје уште сега може да се прогласи за најдобра во 2015.

Текстот на пиесата е познат, на Михаил Булгаков а режијата е на Македонецот со престој во Русија, Иван Поповски. Претставата е тотален театар на кој безусловно му се верува, се почитува, се мисли, трае и откако изведбата ќе заврши, иако со него сте поминале нешто помалку од пет часа. Доказ е дека времетраењето на една претстава никогаш не е мерило за квалитетот. Се игра низ речиси целиот салон: сцената, просцениумот, гледалиштето, ложите, балконите. Доминантни се режијата, актерската игра, извонредно осмисленото светло/дизајн, мешањето на жанровите.
Во претставата настапуваат 60-ина актери.
Од друга страна претставата е театар што носи радост и верба. Умен е на секое ниво, со многу
Доминатна е и тезата на Булгаков, на режисерот Иван Поповски и на актерите во креирањето на ликовите дека сите ние сме добри луѓе и сите се добри луѓе, и сите се раѓаме добри. А потоа – окружувањето, општеството, животот … создаваат од нас и чудовиште. Ама – победува висинската желба и љубовта.
Ролјите ги толкуваат: Никола Ристановски, Катина Иванова, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Сашко Коцев, Петар Мирчевски, Кирил Коруновски, Нино Леви, Снежана Конеска-Руси, Томе Витанов, Софија Настевска-Трифуновска, Лазе Манасков, Стефан Вујисиќ, Ивица Димитријевиќ, Трајче Ѓоргиев, Никола Ацевски, Александар Микиќ, Стојна Костовска, Ана Стојановска, Александар Џуровски…
Учествуваат и студенти по глума на двете скопски актерски академии – ФДУ и ЕСРА.

Останати вести