Македонците од Австралија смрзнаа во Битола

Нашите Македонци од Австралија се меѓу првите што во поголем број допатуваа во Битола. Но нивните први пет дена ги пречекаа со ладен бран и со многу дожд.

Меѓу нив се бизнисменот Глигор Генев кој допатува заедно со неговиот пријател Италијанецот Роберт. Заедно во Битола пристигна и Дајвид Цветковски, директор на една од најголемите компании во Австралија “Фусаон” и близок човек на Престон Македонија. Со Дајвид дојде и Павле Темелковски кој работи во “Хералд Сан”. Тие ќе се задржат само десетина дена во Македонија, но сите се задоволни од услугите и гостопримството, посебно во Битола.
Дајвид Цветковски меѓу другото рече – овде во Македонија политиката се смири и нема потреба од паника. Ги повикувам моите Македонци од Австралија да ја посетат Македонија што помасовно. Со посетата ја помагаме економски нашата држава. Тој заедно со неговото друштво ќе оди во посета до Охрид и Скопје и други градови во Република Македонија.

С. Горгиевски

Останати вести