Минатиот викенд на граничниот премин Табановце чекањето за излез од Македонија било околу 40 минути.
Оваа гужва беше резултат на тоа што Србија објави дека на Белградското сајмиште ќе ги вакцинира жителите на соседните земји кои ќе се пријават и ќе добијат термини преку електронскиот систем. За нив имаше обезбедено 10.000 вакцини.
Македонските државјани упатени на вакцинација во Србија не смееја да тргнат на пат пред 5 часот наутро, кога завршува полицискиот час. Без разлика што некои имаа добиено термини за вакцина во раните утрински часови.
Инаку, според извори од Белград најмногу заинтересирани се од Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од српската Влада велат дека на Саемот е отворено за секого вакцинирањето со “АстраЗенека”. Странците е потребно само да имаат српски мобилен телефонски број на кој ќе добијат термин. За “АстраЗенека” српските државјани дури и не треба да се најавуваат, додека имунизацијата со вакцините „Синофарм”, „Фајзер” или „Спутник Ве” не е можна за странци.
Според неофицијални информации досега во Србија се вакцинирале меѓу 6 и 8 илјади македонски државјани, што е двојно повеќе отколку бројот на лица вакцинирани со посредство на македонските власт (скоро 4,200 медицински лица). Дел од нив самоиницијативно биле во Врање или Ниш каде за суми од 50 до 70 евра биле вакцинирани (заобиколувајќи ги официјалните процедури).
За два дена во Србија вакцинирани околу 5.000 Македонци
Повеќе од 3.500 македонски државјани се вакцинираа за време на викендот во Белградското сајмиште. Имало и државјани на БиХ, Црна Гора. Освен во Белград, уште околу 1.700 македонски стопанственици се вакцинираа во Ниш.