Македонците од Западна Австралија минатата седмица ја покажаа својата хуманост донирајќи 30.000 долари за довршување на Македонската православна црква “Свети Никола” во Перт.
На 21 март, на брановите на “МАК ФМ радио” во Перт беше направен успешен радио тон од Трајче Трајковски претседател на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ од Перт во соработка со дел од досегашните водители на радиото.
Дента беа собрани 30.000 долари во период од само неколку часови. Со ова нашата македонска заедница во Перт покажа желба за доизградба на духовниот храм. Само пред две недели на пикникот во соработка со сите македонски организации беа собрани 7.000 долари.
Уште еднаш Македонците од Западна Австралија ја покажаа својата сплотеност и донираа средства за доизградба на Македонската православна црква “Свети Никола”.
– Овој храм е сведок за нашето битие, за македонската култура, за македонското постоење како во татковината, така и надвор од нејзините граници, во Австралија. Без овие црковни споменици, секако македонската свест би згаснала. Голема благодарност до сите донатори – рече Трајче Трајковски.
