Со победа против Чиле, Македонија се пласира во втората фаза на СП

Македонската ракометна репрезентација ја запиша првата победа на Светското првенство во Египет и се пласира во втората фаза.

Со победата против Чиле (32:29) нашите ракометари ќе бидат дел од Групата 4, а противници ќе им бидат репрезентациите на Словенија (20 јануари), Русија (22 јануари) и Белорусија (24 јануари).
Во новата група Шведска има четири бодови, три има Русија, Египет и Словенија имаат по два, Белорусија има еден бод, додека Македонија е без бодови.

 

Останати вести