Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа одличен натпревар и, иако успеаја да ја намалат негативата од 2:0 и да дојдат до 2:2., на крајот загубија со 3:2 на гостувањето кај Романија.
На стартот од натпреварот првата вистинска шанса ја имаше Македонија кога шутот на Несторовски заврши над голот на романскиот голман Нита.
Во 24. минута капитенот Пандев ја дочека топката од слободниот удар но и неговиот шут заврши нат пречката. Следната минута шанса имаше и Барди, но неговиот центаршут го прочита романскиот голман и навреме ја собра топката.
Казната за промашувањата стигна во 28. минута, кога Флорин Танасе во нашиот шеснаесетник прими топка која му ја упати Влад Кирикеш и смирено го совлада Димитриевски.
Македонија имаше шанса пет минути подоцна да израмни преку Пандев, но неговиот шут беше блокиран во последен момент, а во 37. минута Несторовски не успеа да го совлада Ниту.
На стартот од вториот дел, во 50. минута Михаила помина неколку наши дефанзивци и со одличен шут го совлада Георгиевски.
Вториот гол не ги шокира фудбалерите, продолжија со својата игра,а со потезите на селекторот Ангеловски, уште еднаш покажаа зошто Македонија ќе биде дел од Европското првенство кое ќе се игра летово.
По примениот гол, Ангеловски го направи клучниот потег, од игра го извади Николов и го стави Аријан Адеми, додека на местото на Несторовски влезе Влатко Стојановски и двајцата резервисти ги постигнаа двата гола.
Прво Адеми во 82. минута беше највисок во шеснаесетникот на Романија и со глава го совлада Ниту.
Веќе наредната минута, Александар Трајковски со одличен шут го совлада Ниту и донесе израмнување.
Но, радоста на нашите фудбалери траеше само три минути бидејќи Хаџи го совлада Димитриоски и донесе ново водство за Романија.
Во судиското продолжение Македонија постигна гол од офсајд што значеше и пораз на крајот.
РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:2 (1:0)
РОМАНИЈА: Нита, Попеску, Кирикеш, Бурка, Банку, Марин, Станчиу (Бицфалви), Ман (Максим), Танасе (Хаџи), Коман (14′ Михаила), Кешеру (Пушкаш). Селектор: Мирел Радои.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Алиоски, Барди, Николов (Адеми, Елмас, Пандев (Трајковски), Несторовски (Стојановски). Селектор: Игор Ангеловски.