Македонка одговорна за јавниот сектор на Јужна Австралија

Минатава недела добивме инфомација што вреди да се сподели за Eрма Раниери, која е Македонка (омажена за Италијанец, Ензо и има две деца, Стефен и Катрин), родена е во село Долно Котори, Леринско, денешна Грција, емигрирала во Австралија како дете заедно со поголемиот брат Крис, и има сестра родена во Австралија Хелен.

Таа кога дошла не знаела англиски, со мајка и татко етнички Македонци, Јани и Василка Пенови. На 1 јули 2014 година е назначена од државниот кабинет на Јужна Австралија како Commissioner for Public Sector Employment. Ова е голем успех за неа и сигурни сме дека сите Македонци во Австралија се посебно горди на неа. Таа секогаш јавно се декларира како Македонка, во лични изјави (професионално и приватно), кога се поставува прашање за нејзиното потекло.
Гувернерот на Јужна Австралија ја прифати препораката од Кабинетот да ја назначи г-ѓа Ерма Раниери како нов комесар на секторот на јавните вработувања, по оставката на г-дин Ворен Меккен.
Ерма како Commissioner for Public Sector Employment, со нејзината улога како главен извршен директор, ќе биде задолжена за низа реформски програми.

Останати вести