Македонка победничка во австралиското реално шоу „Ерген“

Македонката Снежана Марковски е победничка во популарното реално шоу „Ерген” (The Bachelor), во кое неколку девојки се борат да го освојат срцето на најпосакуваниот неженет маж.

Ергенот од оваа сезона е Сем Вуд (35), бизнисмен од Мелбурн.
Tриесет и четиригодишната Македонка, која триумфираше во австралиската верзија на ова популарно реално шоу a живее во Перт, Западна Австралија, заедно со нејзината 9-годишна ќерка од претходниот брак. Токму таа и ја пријавила својата мајка во шоуто.
Станува збор за шоу во кое неколку учеснички се натпреваруваат да го освојат срцето на 35 годишниот ерген Сем Вуд од Мелбурн.
Што се однесува на Снежана, таа во шоуто се пријавила пред се за да го најде својот принц од бајките, а покрај големата конкуренција таа успеа да го освои Сем, кој исто така вели дека му било многу тешко да ја најде вистинската со која ќе го помине остатокот од својот живот.
– Јас сум лудо вљубен во тебе и сакам заедно да го минеме остатокот од живот, вели Сем кога официјално открива која е кандидатката за која се одлучил.
Што се однесува на Снежана, таа е самохрана мајка на деветгодишно девојче, кое Сем Вуд решил да го прифати како свое.
– Кога тој ја кажа својата одлука дека ме избрал мене и дека е лудо вљубен, навистина бев изненадена. Во моментот кога ме праша дали го приваќам неговиот избор, јас останав без зборови. Сега кога помислувам тоа беше лош момент, но набрзо му одговорив и ми беше полесно. Не ни претпоставував дека кога ќе објави која девојка ја избира дека ќе ми даде и веренички прстен, објаснува Снежана.
Во последната епизода од шоуто тие склучуваат технични брак, но наскоро планираат и законски да се венчаат, а веќе одлучиле и дека ќе се преселат да живеат во Мелбурн.
Атрактивната Снежана Маркоски веќе е ѕвезда во австралиските медиуми, а папараците не пропуштаат да ја следат во секој чекор.
Деновиве се појавија и информации дека мега популарните Сем и Снежана планираат да посвојат дете.

Останати вести