”Македонската фаланга” настапи во Сиднеј

Минатава сабота во Сиднеј во центарот Илинден во Рокдаел настапи “Македонската фаланга” на чело со доајенот на македонската песна Наум Петрески.

Организатор на концертите е Охридското социјално друштво “Св. Наум Охридски”, за сите оние што уживаат во изворната македоснка песна ги донесе Наум Петрески, Оливера Коцева и Милован Секулоски, и се разбира, извонредните музичари Стефче Стојковски, Џеват Рамаданоски, Душко Божиновски, Живко Ѓоргиевски и Круме Милески.
Од турнејата на нашите музичари преостануваат уште прочуениот Охридски бал во Мелбурн, кој ќе се одржи оваа сабота, на 29 јуни, во Емералд рецепција во Томастаун и концертот во Перт на 6 јули. За повеќе информации и карти можете да се јавите кај Васко на моб: 0437 128 565.

Останати вести