Македонскиот фестивал на храната 2014 ги надмина сите очекувања

КУД Танец со првата група

Третиот Македонски фестивал на храната се одржа во недела, на 23 ноември, на 25 Ferras Blvd во South Morang, од 10:30 па се до 18:30.

Мирис на ќебапи, топлина од жешка скара и македонска музика го исполнија воздухот викендов во Саут Моранг. Македонците што живеат во Мелбурн ја покажаа својата гордост на овој трет по ред Македонски фестивал на храната. Прославата вклучуваше автентична храна, облека, музика, оро, забава за децата итн… Имаше по нешто за секого – изјавија организаторите на фестивалот од МАСО.

Фестивалот веќе има реноме за печива и колачи, солен зелник или пита со спанаќ, бурек итн… до тулумби прелиени со шербет или пржени крофни. Сепак според редовите и чекањето ќебапите беа ѕвездите на фестивалот.
За забавата се погрижија: КУД „Никола Карев”, КУД „Јане Сандански”, КУД „Александар III Македонски”, КУД „Бисер”, КУД „Танец”, КУД „Тоше Проески”, Вера Трајкоска, Иван Радевски, Мајкл Димовски, ДиЏеј Мангал, младите таленти: Лавиниа Тосев (Kid’s The voice of Australia), Џесика Поцев, Николас Петерсон, групата „Весели Македонки” и други.
Навистина горди сме што сме Македонци, но и што живееме во мултикултурна Австралија и можеме да ја продолжиме нашата традиција и да ги негуваме нашите обичаи.

Македонскиот фестивал на храната, кој минатите две години се одржуваше во Вилијамстаун, веројатно поради големиот успех кој ги надмина минатогодишните фестивали, ќе се пресели за постојано во Саут Моранг, на просторот до општинската зграда на Витлси.
Тешко е и неблагодарно да се зборува за бројки но повеќе илјадници луѓе доаѓаа и си заминуваа во текот на целиот ден. И покрај големииот паркинг наоколу тешко беше да се најде место во шпицот на настаните. 

Пратеничката Бронвин Хафпени, Стеван Козмевски, советник во Витлси, Алан Шарифовски и Мери Лалиос, советник во Витлси

Парламентарецот Ендру Елсебри имаше извонреден говор и охрабрување да се истрае во борбата за идентитетот

Во завршницата организаторите се обидоа да го направат најдолгото оро

Бизнисмените Боб и Давид Ангелкоски секогаш со народот

Управата на уметничкото друштво  Никола Карев работеше со полна пареа

КУД Тоше Проески имаше извонреден настап и свое присуство на фестивалот

КУД Александар Македонски

И Комонвелт банката заедно со Алан Шерифовски имаа свој шатор

Го забележавме и популарниот радиоводител Ицо Најдовски

Фудбалскиот клуб Алтона Маџик со претседателот Игор Георгиевски и поранешниот тренер Пеце Стоески

Видан од Перфект Чојс Ликер со друштвото

Струмичани секогаш го подржуваат фестивалот со своето присуство

Лавовите од Престон Македонија се потеа за клубот

Јана со своите слатки производи од компанијата Dear Mila

Лидија Нешковска, една од главните организаторки, заедно со поранешниот претседател на Престон Македонија Пеце Силјановски

Демирхисарки малку на број, силни на бој

Либералниот кандидат за Мил Парк Џорџ Варугесе и Ордан Андреевски од ОМД

Останати вести