Во прекрасна организација минатава сабота и недела се одржа Филмскиот фестивал во просториите на “Хрствил Сивик театарот”.
Македонскиот филмски фестивал се отвори со промоција на документарците за Мариово “Одселени”, потоа “Деца Бегалци”, и филмот “Господ постои името и е Петрунија” на режисерката Теона Митевска-Стругар.
Следниот ден на 6 октомври се прикажуваше Македонскиот документарец „Медена земја” во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска кој е номиниран за оскар, како и документарецот за Мариово „Одселени”.
За жал Македонија нема голема филмска продукција но сепак треба да се забележи големиот ентузијазам и љубов со кој се негува овој фестивал веќе пет години, и за тоа заслужуваат честитка сите инволвирани.



