Македонски јуниорски куп 2016

Наближува Македонскиот јуниорски куп, кој оваа година ќе се игра на теренот на Нобл Парк Македонија. На него ќе настапат осум македонски клуба од Викторија со повеќе од 80 тимови од 7 до 18 годишна возраст.

Покрај домаќинот Нобл Парк Македонија најавени се екипите од Престон Македонија, Алтона Маџик Вардар, Сиднам Парк Македонија, Џилонг Македонија, Лајло Јунајтед, Пленти Лајонс и Кило Волци.
Натпреварите ќе се играат преку два викенди на 8 и 9 октомври и 15 и 16 октомври.

Останати вести