Во Македонскиот конзулат во Мелбурн се очекуваат новите назначувања

Од доверливи извори дознаваме дека во конзулатот во Мелбурн, следниов месец доаѓа повторно Гоце Пејовски на позиција заменик конзул.

Многумина господинот Пејовски го познаваат и имаат добро сеќавање на неговата работа и претходен мандат во времето на конзулот Саво Сибиновски. Сегашната вршителка на конзулските активност Радмила Стојмировска си заминува за Македонија. Местото конзул и понатаму е испразнето откако замина Бети Коруновска и како најверојатен кандидат што ќе биде назначен се спомнува името на Драган Петкоски, кој има порано работено во амбасадата во Канбера.

Останати вести