Во Вилијамстаун Македонски културен фестивал 2018

Фестивалот во Вилијамстаун се одржува по традиција во последната недела од ноември. Утрото изгледаше облачно и студено но до пладне сонцето блесна и ги огреа сите присутни на настанот.

И како што минуваше времето така доаѓаа се повеќе посетители да ги видат младите играорци на Македонските културни друштва “Никола Карев”,”Танец”, “Александар Македонски”, „Илинден”, „Света Петка” и сениорите „Разиграни Македонки”.
Меѓу другите настапија и: Џесика Џенелс, гај_да­џијата Џулиус Гајда, Стево Мачкар, Ивана Коруноска, Иван Радевски, Стела Бенд, Сенатор Бенд, Су Ан, Марија Јанев и др.
На Фестивалот се продаваше разновидна македонска храна, претежно спе­ци­ја­литети на скара, бурек, слатки, тулумби, кафе, питулици и ред други видови храна.
За децата имаше фарма со животни, рингишпили и други детски активности како и голф за мали и за возрасни.
На Фестивалот беа присутни со свој штанд и Македонскиот совет за Мелбурн, ФК Алтона Маџик Вардар, Викториското училиште за јазици (Victorian School of Languages), Македонските студентски организации од универзитетот „РМИТ” и од универзитетот „Мел­бурн” како и Македонскиот манастир Св. Прохор Пчински – Донибрук.

Стефан Горгиевски

Останати вести