Македонска православна црква „Света Петка” во Рокдаел, во соработка со МКУД “Илинден” Сиднеј организираат модно дефиле за прикажување на традиционалните македонски фолклорни носии.
Приходите од овој настан ќе бидат наменети за сликање на фрескоживописот „Раѓањето на Св. Богородица” во име на сите дами од македонската заедница.
Настанот е само за жени и ќе се одржи во недела, на 27 јуни 2021 година, од 11 часот во црковната сала на “Св. Петка” во Рокдејл на 65 Railway St., Rockdale.
Влезниците се $30,00.
Ако имате традиционална македонска носија што би сакале дента да ја презентирате, ве молиме да не известите – ние би сакале да ја прикажете историјата на вашите предци.
За карти и информација во врска со настанот, ве молиме јавете се кај
Лена 0404 818 526 или Ана 0410 564 415

