Формирана група на тренирани македонски волонтери!

Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј продолжува со своите програмски активности посветени на македонската заедница од Сиднеј.

Во ова издание би сакале да ги информираме членовите на македонската заедница дека, во Rockdale, успешно заврши организираниот тренинг нановоформираната група на македонски волонтери, кој беше одржан во рамките на проектот за волонтери, финансиран од Одделот за здравство од НЈВ-југо источниот дел на Сиднеј- NSW Health-SESLHA и Општината Bayside.
Членовите на групата на македонски волонтери ‘Македонско сонце’ успешно го завршија тренингот за волонтери организиран во соработка со TAFE NSW St George College. Со ова сакаме да им честитаме на волонтерите на нивната напорна работа и учење и стекнатите дипломи како тренирани волонтери.
Со овој тренинг нашите македонски волонтери се стекнаа со големо знаење и нови вештини. Ова ќе им овозможи успешно да се вклучат во помагањето на оние во потреба, посебно на постарите лица и лицата со онеспособеност кои се сместени во домовите за нега и болниците и се чуствуваат осамено и изолиранo. Од друга страна, тренингот ќе овозможи квалитетна поддршка од врвно тренирани и посветени волонтери во заедницата, посебно на домовите за нега и болниците.
Волонтерската работа игра многу важна улога во заедницата, во животот на луѓето во потреба како и во животот на самите волонтери.
“Тоа што го правиме за нас умира со нас – Тоа што го правиме за другите е бесмртно и останува засекогаш”
“Волонтерите немаат повеќе време, тие само имаат поголемо срце”
“Волонтери како вас се еден во милион”
За повеќе информации околу програмата и работата на групатаод македонски волонтери ‘Македонско Сонце’ јавете се на Лихнида или Роза на 9597 5455, во Македонско Австралиската добротворна организација од Сиднеј.

Лихнида Бахчанџиева – Тасеска
Project coordinator

Останати вести