И Македонски возачи и возила се вклучени во „А-фонд“

Започна снимањето на францускиот филм “А Фонд” (“Сесрдно”) на скопската обиколница.

Во францускиот филм од Македонија ќе бидат вклучени 180 статисти и уште 280 возачи кои вежбаат со познати француски каскадери за да изведат сцени со сообраќаен метеж.
Покрај ова, од македонска страна во филмот ќе бидат вклучени и сценографи, шминкери, костимографи, како и директори на фотографија кои ќе работат како први асистенти на главниот снимател. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, го посети сетот го изрази своето задоволство и истакна дека за првпат во Македонија се користи софистицирана технологија за снимање филмови каде што има директно снимање на отворен простор, а не во студио и притоа снимениот материјал директно преку ви-фи се пренесува до возилото каде што се наоѓа режисерот. Притоа таа истакна дека „за Република Македонија снимањето на овој филм ќе има големо значење бидејќи поголемиот дел од нашите филмски работници и експерти ќе се здобијат со знаење за снимање на вакви големи сцени со најсовремена технологија. А воедно и дека Македонија со овој филм ќе се најде на мапата на големите филмски продукции”. Режисерот Никола Бенему, пак, рече дека особено важно за овој филм е начинот на снимање што е директен, со вистински сцени во живо, бидејќи ваков тип акциони филмови обично се снимаат на зелено платно, во 3Д техника. Според него, повторно се враќа ерата на снимање филмови, со вистински сцени во живо, наспроти досегашниот тренд на користење зелени платна и снимање во студио. Продуцентската компанија го изрази и задоволството од македонската екипа која работи на филмот и се заблагодари на македонските граѓани за трпеливоста која ја имаат поради затворање на обиколницата заради снимањето.

Останати вести