Македонскиот конзул се сретна со Гувернерот на НЈВ

Македонскиот почесен конзул Крис Балаловски се сретна со Гувернерот на НЈВ Давид Хрли

Во дискусијата, конзулот Балаловски ја искористи можноста да побара Гувернерот да го употреби своето влијание за Австралија да му се придружи на мнозинството на светот и веднаш да се започне со употреба на уставното име на Република Македонија.
Гувернерот се интересираше што е главниот проблем околу ова прашање, при што му беше укажано дека е директна консеквенца на грчкото лоби во Австралија.
Гувернерот Хрли со задоволство информираше дека има високо мислење за македонската заедница во Австрaлија, бидејќи е израснат и школуван во Порт Кембла, каде што има голема Македонска заедница.

Останати вести