Ние, колективно претставуваме различни хуманитарни, културни, јазични, религиозни организации од пошироката Македонска заедница во Сиднеј, Нов Јужен Велс.
Ние не се поистоветуваме со ниедна политичка партија и оваа наша изјава е направена врз основа на нашите заеднички погледи за нашата локална заедница.
За обичниот Австралиски Македонец, Бракот значи заедница меѓу еден маж и една жена осветен и Благословен од Црквата, со цел од две тела да се направи едно и со тоа да се создаде идеална ситуација за раѓање по природен пат и започнување на фамилија.
Обичниот Македонец е Православен Христијанин, нашето верување е едноставно кога се работи за Бракот. Бракот е меѓу еден маж и една жена, тоа е логична, природна и Света Тајна во нашата жива вера за која не постојат компромиси, и отворено никогаш нема да се промени.
Ние сме макотрпен народ кој видел многу маки и страдања. Во нашето минато имало многу предизвици, искушенија од поробувачи кои наметнувале други вери, војни, судења – ова се само неколку примери. Новата идеологија за Бракот е туѓа за нас и обидот да се редефинира бракот со наметнување на Австралиското опшество преку закон под објаснување дека “љубовта е љубов” или некој вид на рамноправност е апсурд. Ова е навреда за нашиот основен интелект.
Некои работи се вистински и од факти, математиката е вистинска и е со апсолутни факти, биологијата е факт, Бракот меѓу мажот и жената е апсолутен. Во обидот да се редефинира Бракот, институциите ни велат дека ‘2+2=5’, она што ние го велиме е дека ‘2+2=4’. Поинаков одговор од 4 е погрешен. Очекувано, некои од нас имаат погрешна математика, но има само еден точен одговор. Има луѓе и институции кои се обидуваат погрешната математика да звучи коректно. Нашиот одговор за нив е многу едноставен …4.
Како многу луѓе во Австралија, Македонците ја имаат оваа земја за своја, ги уживаме нашите права да ја исповедаме нашата Вера и идентитет рамноправно меѓу другите, го уживаме еден од најдобрите опшествени системи во кои луѓето живеат. Ние им сме благодарни на сите добронамерни Австралијанци кои се бореле и труделе да изградат таков систем. За жал, во моментов ги сметаме овие непристојни начини на мисли и директиви како почеток на нешто што допрва треба да дојде, затоа наоѓаме дека е наша должност да ја кажеме оваа основна математичка равенка … Одговорот е 4.
До сите Автралијанци од Македонско потекло, ние бaраме да го искористат правото на гласање, изменетиот закон за Бракот не е воведен и цврсто веруваме дека нема да биде. Вообичаено е мислењето дека “светот веќе е чуден” и “сега е доцна”, Австралија е сеуште воздржана и за радост оставено е прашањето на тебе да го кажеш твоето мислење.
Австралија е различна од другите западни земји, сеуште е традиционална во однос на фамилијарните вредности каде повеќето мажи и жени од различен пол се земаат и имаат деца. Австралија е исто различна од со тоа што е прва земја што има гласање по пошта за бракот. Политичарите се изјаснија дека ќе ја почитуваат волјата на мнозинството кое гласало по пошта. Само затоа што западните земји ги присвоиле овие закони, тоа не значи дека ние мораме.
За среќа, Австралиската влада ни го олесни начинот за гласање. За оние што се запишани на листата на гласање (право на гласање за изборите) вие ќе добиете писмо од 12 Септември 2017, она што треба да направите е да го заокружите вашиот глас (гласањето завршува на 7 Ноември), па пратете го до 27 Октомври и следете ги инструкциите на писмото, за гласањето, не се наплаќа.
Прашањето по пошта ќе гласи вака:
“Дали треба законот да се смени за да дозволи парови од ист пол да склопуваат брак?”
Австралиско/Македонскиот одговор на ова е едноставен… НЕ.
Гласот на Австралиско/Македонскиот народ (дел од пошироката заќутена множина).
МПЦ “Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста” од Ливерпул
Протоереји
Рубин Бојчески и
Димче Воиновски